39 Skopje Jazz Festival, 14-17.10

Од 14 до 17 месецов ќе се одржи 39. Скопски џез фестивал и тоа во традиционалниот термин, во третиот Четврток од Октомври и да трае најмалку четири дена. Со концерти на водечките регионални музичари, убава селекција од европскиот џез и импровизирана музика, домашни проекти, онлајн стриминг на три ексклузивни перформанси во Њујорк и Осло и промоции на две нови изданија.

39. Скопски џез фестивал ќе го отворат со концерт две големи балкански ѕвезди, кои ќе ги видиме повторно заедно по настапот во 2013 година со Македонска филхармонија и диригентот Кристијан Јарви, Влатко Стефановски на гирата и бугарскиот виртуоз на кавал Теодосиј Спасов. Истата вечер на 14 октомври, на сцената во НОБ ќе ги видиме фламенко гитаристот Хуан Гомез Чикуело, од Шпанија и со него не помалку славниот пијанист, композитор и иноватор Марко Мескида. Нивниот последен заеднички проект е насловен „No hay dos sin tres“ е показател за досегашната соработка и радоста што може да ја претстави средбата на тројца вистински мајстори, во случајов заедно со перкусионистот Пако де Моде.

Втората вечер ќе започне со пијано рециталот на еден од најпознатите хрватски џез музичари од поновата генерација, Матија Дедиќ. Потоа следува специјалниот фестивалски проект на македонскиот композитор и џез гитарист Тони Китановски и неговиот МАЛ БИГ-БЕНД составен од музичари како Кирил Кузманов на саксафон, Трајче Велков на труба и други. Неговиот досега најуспешен и најпрепознатлив оркестрален звучен ентитет ЧЕРКЕЗИ ОРКЕСТАР и специјален гостин на концертот ќе биде трубачот Асан Рашид. Следува првиот од трите онлајн концерти – триото на Вилијам Паркер,“ кој има снимено 150 албуми, објавено шест книги, бил ментор на стотици млади музичари и уметници. Придружуван од исклучителната гитаристка, пејачка и композитор Ејва Мендез и тапанарот Џералд Кливер.

Во Сабота, на 16 Октомври, на сцената ќе ги видиме австријците РАДИАН чија импровизирана музика ќе биде речено дека „претставува поле на тензичност меѓу екстремните динамики, слободно импровизираните парчиња и прецизните конструкции“. Потоа следни на сцената со поголема бројност, очекува да се појават СВЕТЛОСТ + ОДРОН РИТУАЛ ОРКЕСТАР, покрај основното трио Нинослав Спировски, Дени Омерагиќ и Кристијан Новковски се и музичари како Мартин Георгиевски на електроника и гитара, Петар Христов – сопран и тенор саксофон, Константин Хаџи Коцев на пијано и други. Креираат музика практикувајќи отворена платформа за соработка, каде се замаглени границите на формалното и слободното. Точка на случувањето се очекува да стави норвешкиот саксофонист Тригве Сеим, кој е под закрила на престижната издавачка куќа ECM Records, а и уште осум на кој се појавува како композитор, лидер на бенд или пак, ја дели улогата на водач на состав. Тој сцената ќе ја дели со осуммина врвни тамошни музичари на овој ексклузивен стриминг перформанс од Осло .

На последната фестивалска вечер во Недела, љубителите на џез музиката најнапред ќе имаат можност промотивно да го чујат материјалот од албумот на САШО ПОПОВСКИ ТРИО насловен како „Fallen Land“. Во актуелната постава, покрај гитаристот се Иван Бејков на бас и Виктор Филиповски на тапани. Следува концертот на легендарните француски музичари, квинтетот на Стефан и Лајонел Белмондочи кои како услуги на дувачки инструменти досега ги имале славни имиња како пејачката Ди Ди Бриџвотер, Гил Еванс, Мишел Легран, виолинистот Стефан Грапели и големиот бразилки композитор и пејач Милтон Нашименто. И, за крај уште едно ексклузивно онлајн доживување. Директно од Њујорк, дуото што го чинат канадската пијанистка Крис Дејвис и германската саксафонистка Ингрид Лауброк кои, по бројните соработки и засебни проекти, ќе го претстават материјалот од својот прв заеднички албум каде „секоја од деветте композиции е свој засебен свет, а повторно чинат една неодолива експериментална целина“.

ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

Модно патување со „VOYAGE“ на Стефанија Насеска

Откако премиерно ја прикажа во рамки на дваесет и второто издание на Моден Викенд Скопје, познатата македонска дизајнерка ја пресели новата колекција...

FALL ESSENTIALS / MY MUST HAVES!

Девојката со огнена коса ни ги претставува есенските трендови и MUST HAVE модни парчиња според неа. Мора да напоменеме дека нејзиниот стил...

Стил на денот 17.10

Денес ви ја претставуваме инфлуенсерката Нина. Нејзините колоритни аутфити, со интересни принтови и јаки бои не освоија. На оваа фотограгија таа дури...

СЛЕДЕТЕ НЕ

5,783FansLike
1,260FollowersFollow
Love Cats

НАЈПОПУЛАРНИ ПОСТОВИ

Заштитна маска од природно цвеќе

Маските освен својата примарна цел да не заштитат од вирусот, полека станаа must have парче во светот на модата. Познатите светски и...

Интервју со Marta Devilish

Како се подготвуваш за Fashion Weekend ?1. Во се сакам спонтаност. На предходниот fashion weekend бев ‘тазе’ тетовирана, истиот тој ден,...

Најдобри пропсови за фотографирање чевли

Има мал милион начини како да се пофалите со фотографија од нови чевли на социјалните медиуми, но доколку сакате тоа да изгледа...

Интервју со инфлуенсерката Дилек Асаноска

Како се подготвуваш за Fashion Weekend ?Во поглед на модни комбинации најчесто носам мои дизајни кои сум ги изработила специјално за...

Интервју со млади бизнисмени – Филип Ангеловски DELTA MKS

Кои се твоите дневни рутини?Обично денот ми започнува со утринско кафе. Првото го пијам со колегите на работа додека спремаме план...