Интервју со Стефанија Насеска

  1. Како се подготвуваш за Fashion Weekend ?
    Подготовките за Fashion Weekend Skopje секоја сезона се различни. Ќе се навратам пред 8 години кога го имав своето деби на настанот како дизајнер. И ден денес се сеќавам на возбудливото чувство кога добив одговор дека ми е дозволено учество. Потоа следуваше многу работа. Единствено нешто што ги поврзува по сличност сите сезони е крајната посветеност и работа на колекциите пред настанот. Така и овој пат подготовките беа проследени со многу истражувања и уште повеќе труд за да биде реализирана мојата последна колекција. Интересно е тоа дека ние како дизајнери секоја сезона учиме и откриваме нешто ново и секоја сезона ни е се повозбудливо, бидејќи имаме натпревар со самите себе да сме подобри од предходната.

  2. Што значи да си инфлуенсер во Македонија ?
    Ќе бидам малку построга во овој одговор. Мислам дека не само кај нас, туку и глобално премногу се извулгаризира и злоупотреби терминот ‘инфлуенсер’ како од клиентите така од самите личности кои почнуваат да се занимаваат со тоа.  Имам чувство дека веќе се користи за потсмев, а всушност е нечија професија. Често пати сме сведоци на самопрогласени инфлунсери со купени илјадници следбеници форсирајќи се себе си во било какви соработки, а имаат нула влијание врз публиката. Кај нас исто така големи грешки прават и сопствениците на компаниите кои ги ангажираат затоа што го гледаат само бројот на следбеници, но не и содржината која ја нудат инфлуенсерите, а уште помалку дали нивните реални или купени следбеници им се таргет група. При ваквиот избор добиваат слаб одзив и нула маркетинг и потоа се незадоволни и почнуваат со негативни критики кон професијата. Според мене еден инфлуенсер треба да определи на кое поле би бил влијателен, не може сите да бидат ангажирани за се, мода, храна, патувања, ит сектор, животен стил итн. Да се биде инфлуенсер во Македонија значи да си спремен на борба со нелојалната конкуренција на пазарот. И еднаш засекогаш да научат дека компаниите сами ќе ги најдат доколку се добри и нудат добра содржина , не им треба сами да нудат соработки.

  3.   Како го подготвуваш твојот месечен content ?
    Мојот инстаграм профил за мене претставува еден дигитален албум кој се обидувам добро да го организирам. Лично себе си не се сметам за инфлуенсер од причина што си имам своја професија и сум моден дизајнер, но сепак сум свесна дека имам некакво влијание врз публиката која ме следи, а со тоа имам и одговорност да им понудам нешто што сметам дека е добро и за мене и за нив. Доколку го отворат мојот профил ќе забележат дека имам специфичен начин на уредување а тоа е дека во еден ред ставам по три фотографии со ист изглед. Тоа е така бидејќи кога патувам имам толку многу убави места да покажам при посета во еден ден, а облеката останува иста. Фотографиите кои ги постирам се пред се мој личен спомен, а потоа и предлог на публиката за места кои може да ги посетат некогаш или доколку веќе ги посетиле да може да се потсетат и да си ги разбудат своите спомени. Никогаш не правам планови што и како ќе објавувам во текот на месецот, се тоа доаѓа спонтано, моја интервенција е тоа што ги планирам фотографиите да одговараат со предходните, најчесто по колорит, а потоа и по некаква си моја замислена симетрија. Единствено нешто што може да кажам дека планирам е тоа е кога патувам пред секое патување правам детални истражувања и план што да посетам, и облеката ја комбинирам секогаш да ми одговара со амбиентот. Па така местата кои ги посетувам се предходно групирани, а при ваквите планирања секогаш излегуваа плус локации за кои не сум знаела. И целиот овој процес мене ми претставува задоволство.


4. Каков вид на фотосесија одговара повеќе на твојот личен идентитет?
Немам поставено строга граница меѓу двете. Како што кажав обожавам да патувам и тие фотографии повеќе ќе ги класифицирам како тематски, но како вљубеник во модата ќе кажам дека ми одговараат и улични фотографии.


5.  Како ти изгледа концептот на influencer.mk ?
Ми се допаѓа цел концепт и тоа што одвојувате простор и време за промоција со сите нас, јас би ги проширила интервјуата или би создала нова рубрика во која ќе бидат опфатени различен тип на уметници. А i статии за правила при инфлуенсерсто не ми биле лоша идеја, за идните генерации да знаат што да прават и како да ги одбегнат грешките.

6.  Дали има уметност во инфлуенсерството, или дали инфлуенсерите се сметаат себе за уметници?
Ретки се тие кои внесуваат уметност во начинот на кој се изразуваат при инфлуенсерството. На нашата сцена фали креативност во ваквиот тип на работа. Затоа што многу често гледам копирање на странски профили за кои се кажува дека ги инспирирале. Не тоа не е инспирирање, тоа во нашиот свет се вика емитирање  или во модниот плагијаторство на дело макар и фотографија.

7. Кое е и какво, твоето влијание врз твоите followers?
Најчесто од мене бараат совети за одредени комбинации или за места кои може да ги посетат. Кога објавувам одредена фотографија секогаш имам доста прашања за гардеробата, но и за тоа како да стигнат до некое одредено место доколку тоа истото не е толку познато на јавноста. Доколку објавам некој продукт кој го користам, а секогаш објавуваме само такви, добивам прашања дали сум задоволна, каков е квалитетот и сметам дека со тоа им помагам до донесување на одлука. Никогаш не сум објавила нешто од кое јас не сум задоволна или само за реклама. Сакам да сум искрена и секогаш пријателски расположена кон моите следбеници.

8.  Кои фотографии според тебе носат поголем feedback : телефон или апарат?
Професионалните фотографии секогаш носат повеќе интерес, но морам да признаам дека моите се 80% направени со мобилен.

9. Дали според тебе инфлуенсерите се клучна алка во Digital Marketing?
Можеби клучна не, но една од побитните алки во синџирот на дигитален маркетинг да. Публиката верува на искуството на обичните луѓе, зошто нели сепак сите ние сме тоа – обични  луѓе.

10. Кои светски трендови на инфлуенсери би ги донела или спровела во Македонија?
Строго би е посветила на воведување на модно инсфлунесерство кај нас, бидејќи тоа поле ни е ужасно слабо. Кај нас имаме инфлунсери со допадливи инстаграмски комбинации, но не и модни. Тоа е поле на кое треба работа и ангажман. Но за тоа треба и добра публика.

Фото: PS visual art

претходниот член,39 Skopje Jazz Festival, 14-17.10

ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

Модно патување со „VOYAGE“ на Стефанија Насеска

Откако премиерно ја прикажа во рамки на дваесет и второто издание на Моден Викенд Скопје, познатата македонска дизајнерка ја пресели новата колекција...

FALL ESSENTIALS / MY MUST HAVES!

Девојката со огнена коса ни ги претставува есенските трендови и MUST HAVE модни парчиња според неа. Мора да напоменеме дека нејзиниот стил...

Стил на денот 17.10

Денес ви ја претставуваме инфлуенсерката Нина. Нејзините колоритни аутфити, со интересни принтови и јаки бои не освоија. На оваа фотограгија таа дури...

СЛЕДЕТЕ НЕ

5,783FansLike
1,260FollowersFollow
Love Cats

НАЈПОПУЛАРНИ ПОСТОВИ

Заштитна маска од природно цвеќе

Маските освен својата примарна цел да не заштитат од вирусот, полека станаа must have парче во светот на модата. Познатите светски и...

Интервју со Marta Devilish

Како се подготвуваш за Fashion Weekend ?1. Во се сакам спонтаност. На предходниот fashion weekend бев ‘тазе’ тетовирана, истиот тој ден,...

Најдобри пропсови за фотографирање чевли

Има мал милион начини како да се пофалите со фотографија од нови чевли на социјалните медиуми, но доколку сакате тоа да изгледа...

Интервју со инфлуенсерката Дилек Асаноска

Како се подготвуваш за Fashion Weekend ?Во поглед на модни комбинации најчесто носам мои дизајни кои сум ги изработила специјално за...

Интервју со млади бизнисмени – Филип Ангеловски DELTA MKS

Кои се твоите дневни рутини?Обично денот ми започнува со утринско кафе. Првото го пијам со колегите на работа додека спремаме план...