Се снима филм во Скопје

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во Скопје од , Петок 16.10 до 19.10, Понеделник ќе има привремен прекин на сообраќајот на дел од сообраќајниците во централното градско подрачје, поради снимање на филм.
Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на овие сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Еве како ќе се одвива сообраќајот заради потребите на снимањето на филмот:

Првиот ден, односно овој Петок (16.10), во времето од 11.00 до 14.00 часот ќе има времен прекин на сообраќајот на ул. “Даме Груев“, а во време од 14.00 до 18.00 часот на ул.„Димитрие Чуповски“, кај автобуската постојка спроти театарот за деца и млади и во времето од 14.00 до 17.00 часот на бул. “ВМРО“ на автобуската постојка пред Пошта на Македонија.

Во Сабота пак (17.10) од 14.00 до 17.00 часот ќе има времен прекин на сообраќајот на бул.„ВМРО“ на истата локација и во времето од 20.00 до 23.00 часот на бул.„Партизански одреди“ (кај првата автобуска постојка од страна на хотел „Дувет“ до пред ул. „Аминта Трети“) во Скопје.

Во Недела и Понеделник (18/19.19) во истото време, односно од 17.00 до 01.00 часот на ул.„Св. Кирил и Методиј“ од паркинг и автобуска постојка пред влезот на ТЦ „Рамстор“ до НЛБ Банка.

ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

Модно патување со „VOYAGE“ на Стефанија Насеска

Откако премиерно ја прикажа во рамки на дваесет и второто издание на Моден Викенд Скопје, познатата македонска дизајнерка ја пресели новата колекција...

FALL ESSENTIALS / MY MUST HAVES!

Девојката со огнена коса ни ги претставува есенските трендови и MUST HAVE модни парчиња според неа. Мора да напоменеме дека нејзиниот стил...

Стил на денот 17.10

Денес ви ја претставуваме инфлуенсерката Нина. Нејзините колоритни аутфити, со интересни принтови и јаки бои не освоија. На оваа фотограгија таа дури...

СЛЕДЕТЕ НЕ

5,783FansLike
1,260FollowersFollow
Love Cats

НАЈПОПУЛАРНИ ПОСТОВИ

Заштитна маска од природно цвеќе

Маските освен својата примарна цел да не заштитат од вирусот, полека станаа must have парче во светот на модата. Познатите светски и...

Интервју со Marta Devilish

Како се подготвуваш за Fashion Weekend ?1. Во се сакам спонтаност. На предходниот fashion weekend бев ‘тазе’ тетовирана, истиот тој ден,...

Најдобри пропсови за фотографирање чевли

Има мал милион начини како да се пофалите со фотографија од нови чевли на социјалните медиуми, но доколку сакате тоа да изгледа...

Интервју со инфлуенсерката Дилек Асаноска

Како се подготвуваш за Fashion Weekend ?Во поглед на модни комбинации најчесто носам мои дизајни кои сум ги изработила специјално за...

Интервју со млади бизнисмени – Филип Ангеловски DELTA MKS

Кои се твоите дневни рутини?Обично денот ми започнува со утринско кафе. Првото го пијам со колегите на работа додека спремаме план...