Интервју со инфлуенсерката Дилек Асаноска

  1. Како се подготвуваш за Fashion Weekend ?

    Во поглед на модни комбинации најчесто носам мои дизајни кои сум ги изработила специјално за самиот настан или пак сум ги сошила во еден од тие моменти на креативност. Исто така, добар дел од мојата облека се винтиџ модни парчиња кои сум ги наследила од мајка ми, баба ми, тетките или други модерни жени во мојот живот и Моден Викенд Скопје била совршена прилика да ги прошетам бидејќи таму се поврзувам со други вљубеници во модата од сите генерации. Некогаш носам и дизајнерски парчиња од блиски пријатели дизајнери кои ги прикажуваат своите колекции.

Како креирач на содржини за социјални медиуми, дел од моето подготвување вклучува и планирање на содржина во вид на блог постови, слики и видеа. Некогаш соработувам со наши дизајнери и пишувам постови фокусирани на нивните колекции, а некогаш се трудам да ја доловам атмосферата на настанот. На пример, минатата година Стефани Христов и јас снимивме видео за дваесеттата сезона на Моден Викенд Скопје со цел да прикажеме како го доживуваме овој моден настан како посетители и/или медиумски лица.



2. Што значи да си инфлуенсер во Македонија ?

Мислам дека многу луѓе ќе се согласат со мене кога ќе кажам дека самиот збор „инфлуенсер“ не се доживува како позитивен опис на една индивидуа. Всушност, знам многу луѓе во Македонија со голем број на следбеници кои не сакаат да бидат асоцирани со овој термин. Има многу причини за тоа, вклучувајќи ја и потребата да се истакнат индивидуалните способности и таленти и да се избегне станувањето дел од стигмата дека инфлуенсери се само луѓе кои се сликаат и промовираат сè што им се праќа како дел од ПР пакет. Иако за жал има многу „инфлуенсери“ кои тоа го прават, мислам дека да се биде вистински инфлуенсер во Македонија значи да се гради имиџ и доверба со следбениците базирана на консистентност во однесување и придржување до сопствените вредности.

3. Како го спремаш твојот месечен content ?

Јас од почетокот на 2020 сум на недефиниран „hiatus“ и постирам спорадично. Една од моите резолуции за новата година пред да започне пандемијата беше да се фокусирам на неколку лични проекти кои би сакала да ги завршам во најбрз можен рок. Инаку, во нормални услови, најчесто се трудам да постирам неколку пати во неделата во завиност од обврските, но никогаш не постирам само колку да има содржина. Како креативец, го ценам квалитетот врз квантитетот и не ми смета да немам содржина некој период. Консистентност во постирање е една од главните одлики на еден добар инфлуенсер, но јас повеќе сакам да креирам содржина која ќе се памети, дури и ако истата бара од мене да се повлечам некој период од постирање. „Slow digital storytelling“ –  Shini Park.

4. Каков вид на фотосесија одговара повеќе на твојот личен идентитет: тематска или уличен стил?

Мислам дека јас сум спој од двете. Кога го почнав мојот блог во 2014 година, се трудев да споделувам „street style“ модни комбинации, но подоцна сакав да направам нешто поинакво па затоа почнав да експериметирам со различни пози и концепти. Иако сеуште сликам модни комбинации, сега повеќе се фокусирам на раскажување на визуелни приказни кои некогаш се придружени со долги текстови бидејќи навистина уживам во пишувањето и споделувањето на искуства, размислувања или идеи.

5. Како ти изгледа концептот на influencer.mk ?

Мислам дека идејата да се промовираат домашни инфлуенсери е доста добра и би сакала да читам за најразлични креативци, без разлика колкав фоловинг имаат. Ме интересираат луѓе кои знаат како креативно да се изразат и за мене инфлуенсери се сите оние коишто можат позитивно да влијаат врз моите размислувања.

6. Дали има уметност во инфлуенсерството, дали инфлуенсерите
се сметаат себе за уметници?


Секако дека да, се додека се работи со интегритет. Уметноста е доста субјективен концепт, но дали инфлуенсерите се сметаат себеси за уметници зависи од тоа која е нивната цел за креирање на содржини за социјални медиуми. Некои инфлуенсери сакаат да искомуницираат некоја порака, идеа, емоција, поглед кон светот и слично, додека пак други чисто гледаат на инфлуенсерството како бизнис.

7. Кое е и какво, твоето влијание врз твоите followers?

Нешто што многу ме радува е кога ќе добијам коментари или пораки дека нешто што сум креирала им се допаѓа или дека одлучиле да пробаат одреден производ или да започнат со некоја активност само затоа што ми веруваат или се инспирирале од мене. Јас секогаш велам дека секоја личност е инфлуенсер доколку може позитивно да влијае врз луѓето околу неа. Кога добивам ваков фидбек, поготово од помлада публика, ме прави свесна колку всушност е важно една личност да биде одговорна кога постира нешто онлајн. Да си вистински инфлуенсер не значи само да имаш многу следбеници и да соработуваш со брендови. Да, тоа е важен дел од самата дефиниција за терминот инфлуенсер, но мислам дека е поважно да ги користиш своите платформи за да направиш позитивни промени во светот, без разлика колку мали.

8. Кои фотографии според тебе носат поголем feedback: телефон или апарат?

Има најразлични теории за тоа кои фотографии се преферирани, но како личност која работи анализа на социјални медиуми каде што интегрален дел од нашата работа е да анализираме содржини и да препорачуваме инфлуенсери на клиенти врз база на детално истражување, можам да кажам дека двата формати функционираат се додека самата фотогрфија е импактна. Работам на повеќе пазари со повеќе јазици вклучувајќи англиски, корејски и турски, така што мислам дека зависи од идејата презентирана на сликата, но и од тоа кој ја постира. 

9. Дали според тебе инфлуенсерите се клучна алка во Digital
Marketing?


Дефинитивно. Мислам дека и во Македонија повеќето кампањи веќе не можат да се замислат без инфлуенсери. За новите генерации, инфлуенсерите се еден од главните извори на информации.

10. Кои светски трендови на инфлуенсери би ги донела или спровела во
Македонија?

Мене ми се допаѓа кога гледам како странски компании градат блиска соработка со инфлуенсери кои всушност одговараат на нивниот бренд. Така и се популаризира терминот „micro influencers“. Ја сфаќам потребата да се оправдаат средствата и да се соработува со големи инфлуенсери, бидејќи најлесен начин да се измери ефективноста на една кампања е да се пребројат лајкови, коментари, кликови, прегледи, итн. Но сепак мислам дека јавноста по позитивно ги перцепира соработките на брендови со креативци кои навистина се пронаоѓаат во филозофијата на брендот и кои растат со него. 

https://www.instagram.com/dilekaspires/?hl=en

Фото: PS visual art

претходниот член,ИНФЛУЕНСЕРИ – Reality TV Stars
Следната статијаИнтервју со Marta Devilish

ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

Модно патување со „VOYAGE“ на Стефанија Насеска

Откако премиерно ја прикажа во рамки на дваесет и второто издание на Моден Викенд Скопје, познатата македонска дизајнерка ја пресели новата колекција...

FALL ESSENTIALS / MY MUST HAVES!

Девојката со огнена коса ни ги претставува есенските трендови и MUST HAVE модни парчиња според неа. Мора да напоменеме дека нејзиниот стил...

Стил на денот 17.10

Денес ви ја претставуваме инфлуенсерката Нина. Нејзините колоритни аутфити, со интересни принтови и јаки бои не освоија. На оваа фотограгија таа дури...

СЛЕДЕТЕ НЕ

5,783FansLike
1,260FollowersFollow
Love Cats

НАЈПОПУЛАРНИ ПОСТОВИ

Заштитна маска од природно цвеќе

Маските освен својата примарна цел да не заштитат од вирусот, полека станаа must have парче во светот на модата. Познатите светски и...

Интервју со Marta Devilish

Како се подготвуваш за Fashion Weekend ?1. Во се сакам спонтаност. На предходниот fashion weekend бев ‘тазе’ тетовирана, истиот тој ден,...

Најдобри пропсови за фотографирање чевли

Има мал милион начини како да се пофалите со фотографија од нови чевли на социјалните медиуми, но доколку сакате тоа да изгледа...

Интервју со инфлуенсерката Дилек Асаноска

Како се подготвуваш за Fashion Weekend ?Во поглед на модни комбинации најчесто носам мои дизајни кои сум ги изработила специјално за...

Интервју со млади бизнисмени – Филип Ангеловски DELTA MKS

Кои се твоите дневни рутини?Обично денот ми започнува со утринско кафе. Првото го пијам со колегите на работа додека спремаме план...