Интервју со Marta Devilish

  1. Како се подготвуваш за Fashion Weekend ?
    1. Во се сакам спонтаност. На предходниот fashion weekend бев ‘тазе’ тетовирана, истиот тој ден, па носев широка црна кошула и немав многу простор да експериментирам. Или имам некои храбри изгледи и ги планирам во склоп на агендата или спонтано планирам нешто истиот ден. Доколку си човек што редовно патува и има различни локации на престој, реално, доста тешко е да имаш нешто комплетно. Секогаш, дури и кога наменски ќе се подготвам, нешто ми фали или нешто сум заборавила. Се уште немам одлучено кај да се вгнездам па со тоа, и не можам да се ‘донесам’ на едно место.
    Секако менувам комбинации секој ден, меѓутоа не се оптеретувам премногу. Интересно е како во Македонија ретко конзумираме наши дизајнери кои имаат сепак доста храбри парчиња.

  2. Што значи да си инфлуенсер во Македонија ?
    Кај нас се уште нештото е во подем и сите ние се уште учиме како да го правиме тоа. Зборот инфлуенсер кај нас има одвратна и негативна конотација создадена од луѓе кои што креваат популарност исклучиво на трол, хејт и линч, прикривајќи и маскирајќи го со хумор, ко тие да се совршени. Кој работи тој и греши, но моментот е што ако си пораснал, почнал нешто ново или учел под лупата на јавноста и пропратно имаш грешки, тогаш ќе имаат одбивност кон тебе.
    Ако подлабоко ги анализираш истите, ќе сфатиш дека растат на твој грб рапидно со тоа што тебе ќе ти наштетат намерно, за нивен бенефит. Излагаат со изјави од типот: Mercy is for pussies итн. а грешеле исто многу на твои години, можеби и повеќе. Дополнително, ако не те оставаат да грешиш и се наметнува страв и негатива, а со тоа самата мода нема толку слободно да се развива и самите брендови ќе имаат аверзија кон платформа поради креирањето на драми и наметнатата карикатура на популарни ликови. Кај со се касниме во Мк, уште и да немаш право на избор да експериментираш, да можеш ставаш се и сешто и да го гледа твојата публика преку тебе, со цел да сите компании да се навикнат да инвестираат во нови луѓе или во што повеќе креатори, те лимитираат со плукање, никогаш не трудејќи се да ја сфатат твојата страна, па дури ни да прашаат за истата. Дури и оние што почнуваат сега а се со понизок квалитет, и со роба од Турција или Алиекспрес, заслужуваат да бидат видени.
    Затоа секогаш правам unboxing каде што прикажувам што има ново на пазарот на труд.
  3. Како го спремаш твојот месечен content ?
    Мојот инстаграм е all over the place. И затоа никогаш не е досадно. Тој е само една моја креативна алатка, катче што ми користи да се изразам креативно, не со некоја задна цел. Неќам етикетирање, секогаш ме иритирало тоа, зошто од мали ноѕе ни викале – мораш да се определиш, или уметност или наука. Секогаш ме иритирало тоа, зошто премногу ограничува па затоа на мојот инстаграм профил не пропагирам правила, не се правам паметна со тоа што стилски ќе ругам други со цел да им го ограничам нивното изразување за некои си задни намери. Едноставно е. Има многу мемиња, гејминг, смеа. Поддржувам многу луѓе, особено оние што рушат стереотипи, имам ootd и ставам на стори интересни работи од денот, што сум купила, креативни и необични Q&As буквално се што ќе посакам. Го гледам како забава, и така треба да биде, но за жал има премногу луѓе што живеат за и на инстаграм.
    Ако си во Мк, автоматски си деградиран зошто скршнуваш од ‘правилната патека’ а реално такви патеки не ми се допаѓаат. Треба да научиме дека различни избори и разлики се океј. И дека моите бикини фотки не го креираат мојот интелект.

4. Каков вид на фотосесија одговара повеќе на твојот личен идентитет: тематска или уличен стил?
Имам сликано едиторијали порано, сега повеќе фоткам комбинации што ги носам или giveaway постови зошто откога почнавме да поклонуваме Ајфони и Електронски Тротинети после тоа не запрев. Сакав мојата публика да може заедно со мене да тестира се, да го опипа сето тоа, да видиме заедно какви се сите тие производи. А живееме каде што живееме и искрено предходната зима, подарив патики, се погодија да се паднат на девојче што навистина немаше и беше преемотивно и преблагодарно. Често и лично им ги доставувам и кога видов што носи и во какво време у колку и беа потребни….од тогаш не престанав. Почнав дури и да сум активна јавно и со донации зошто знам како е да се нема зошто приметив дека Панчо од ДНК купуваше цвеќе од кај бабичка низ која улица минував секој ден, а ја немав приметено.
Бабичката имала пракса да седи под сенката на маркетот на уличката и да не го видев тоа, немаше да направам добро дело. Лечиме деца уште со донации, така да, се што можам да поклонам, дури и да е фуш, ќе го поклонам. Искрено, скоро се што ќе заработам од Инстаграмов го донирам. Дури и пакетчињата што ми ги праќаат ги поклонувам штом ги ставам на стори.

5. Како ти изгледа концептот на influencer.mk ?
Концептот ви е одличен, меѓутоа сте на почетокот и само ќе ви кажам да не се откажувате дури и кога мислите дека грешите.

6. Дали има уметност во инфлуенсерството, дали инфлуенсерите
се сметаат себе за уметници?

Јас да, го гледам како креативно изразување и сакам да ‘талкам’ не сакам да се ограничувам се уште затоа што не ми е примарно занимање. Мојот инстаграм секогаш ќе има нешто ново и различно од А до Ш.

7. Кое е и какво, твоето влијание врз твоите followers?
Не се ни сметам за популарна зошто јас сум истото девојче од секогаш. Го имам буквално истиот инстаграм од секогаш. Само приметив дека со растењето на моите бројки многу работи кај многу луѓе се сменија. И така всушност разбираш на кој за што си му требал. Во принцип јас сум една гласна девојка во едно конзервативно општество што прави ‘скандалозни’ работи. Парис Хилтон од 2001 до 2003 имаше подем, сега песната WAP и тверкањата на Lizzo ја формираат младата генерација со глобализација. Жени научници водат глобална иницијатива дека можеш да си перверзна и вулгарна на една слика, скоро гола, а во друга во мантил и фотките се паралелни залепени една до друга. Ама кај нас ако носиш танга и си во поза што не е скромна, тогаш не смееш да постоиш. Лошото е што многу жени што не те сакаат не разбираат дека линчот го јадеш и за нивно добро.
Ако си во Македонија, автоматски си деградиран зошто скршнуваш од ‘правилната патека’ а реално такви патеки не ми се допаѓаат. Треба да научиме дека различни избори и разлики се океј. И дека моите бикини фотки не го креираат мојот интелект.

8.  Кои фотографии според тебе носат поголем feedback: телефон или апарат?
Драма видеа носат најмногу reach, освен ако немаш поинаков примамлив контент. Но кај нас освен Who Is Dushan не сум приметила никој што ‘чепка’ други луѓе, но на културен и незајадлив начин. Хумор е едно, навреда и формирање на слика за некого е сосем друго. Мило ми е што Душан има осет да и тој се стави во самата пародија. Реткост е тоа денес.

9. Дали според тебе инфлуенсерите се клучна алка во Digital
Marketing?

Во COVID секому се зголемија можностите за соработки во земјава. Многу брендови беа видливи само на инстаграм а со тоа, и многу луѓе почнаа да добиваат соработки за прв пат па да сфаќа народот дека не е битна секогаш големината на следбеници. Има многу микро инфлуенсери и тоа од помалечки градови што успеаа да придонесат креативно. Знам колку беа погодени малите бизниси, имам доста пријатели што немаа скршен денар, а егзистираа од продажба на патики па се до рачни изработки итн, и тука бев за сите. Дури покренав иницијатива да вложуваме парично во брендовите што ги сакаме за да повторно, од платените соработки се одвојат средства и повторно се вложат во инстаграм на некој начин и се креира една таква култура.

10.Кои светски трендови на инфлуенсери би ги донела или спровела во
Македонија?

Од светски трендови, многу сме малку од оние погабаритните девојки што одлучиваме да ги покажеме нашите тела во долна облека, бикини, или некој смел стил. Уште имаме некој едноличен стандард на убавина и веќе ми е смачено. Знам како е да се биде на двете страни. Порано, искрено и јас им судев на девојките што се фотографираат така. Се напнував и ги плукав, анализирав, гледав кај имаат фотошоп. Но сето тоа беше зошто бев изневерувана од партнер и се чувствував недоволно вредно да го задржам вниманието што повеќе беше насочено кон нив. Се напнав и постанав таква девојка, и повторно не го задржа неговото внимание. Ништо не беше доволно. По некое време сфатив дека сепак колку и да те плукаат, на другата страна на спектарот е поубаво. Дека кога и штетиш на една жена, најмногу си штетиш на себе си. Сега истите тие девојки ме научија како да направам добар задник, како да позирам, и верувајте ми таквиот тип на девојки што поминале низ такви трауми ќе ти простат за грешките.
Ќе бидат тука за тебе, ќе те научат како правилно треба да те третира дечко. Ќе бидете банда и ќе ширите позитива.
Мило ми е што толку пораснав. Не се срамам од моите грешки и минато. Лошото е што другите се уште се заглавени во него.


Photos: PS visual art

ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

Модно патување со „VOYAGE“ на Стефанија Насеска

Откако премиерно ја прикажа во рамки на дваесет и второто издание на Моден Викенд Скопје, познатата македонска дизајнерка ја пресели новата колекција...

FALL ESSENTIALS / MY MUST HAVES!

Девојката со огнена коса ни ги претставува есенските трендови и MUST HAVE модни парчиња според неа. Мора да напоменеме дека нејзиниот стил...

Стил на денот 17.10

Денес ви ја претставуваме инфлуенсерката Нина. Нејзините колоритни аутфити, со интересни принтови и јаки бои не освоија. На оваа фотограгија таа дури...

СЛЕДЕТЕ НЕ

5,783FansLike
1,260FollowersFollow
Love Cats

НАЈПОПУЛАРНИ ПОСТОВИ

Заштитна маска од природно цвеќе

Маските освен својата примарна цел да не заштитат од вирусот, полека станаа must have парче во светот на модата. Познатите светски и...

Интервју со Marta Devilish

Како се подготвуваш за Fashion Weekend ?1. Во се сакам спонтаност. На предходниот fashion weekend бев ‘тазе’ тетовирана, истиот тој ден,...

Најдобри пропсови за фотографирање чевли

Има мал милион начини како да се пофалите со фотографија од нови чевли на социјалните медиуми, но доколку сакате тоа да изгледа...

Интервју со инфлуенсерката Дилек Асаноска

Како се подготвуваш за Fashion Weekend ?Во поглед на модни комбинации најчесто носам мои дизајни кои сум ги изработила специјално за...

Интервју со млади бизнисмени – Филип Ангеловски DELTA MKS

Кои се твоите дневни рутини?Обично денот ми започнува со утринско кафе. Првото го пијам со колегите на работа додека спремаме план...