Интервју со Никица Ацева

  1. Како се подготвуваш за Fashion Weekend ?
    Fashion Weekend како и во сите светски метрополи, така и кај нас, е настан кој предизвикува големо внимание кај модните дизајнери, креатори, инфлуенсери и сите останати љубители на модата. Со оглед на важноста и несекојдневноста на настанот, моите подготовки се секогаш опсежни и се состојат од разговор и советување со дизајнери, избор на материјали и креации, секако предходно инспирирани од светските модни трендови, комбинирано со мојата визија. Со еден збор се мој најголем предизвик, бидејќи овој настан е единствена шанса да се презентираат и воедно да се видат невообичаени, дизајнерски парчиња, различни од секојдневниот уличен стил. 

  2.  Што значи да си инфлуенсер во Македонија ?
     Пробивањето на пазарот е макотрпна работа безразлика за која професија станува збор. Инфлуенсерството во Македонија не е раритет и тоа е дополнителна причина за поголема заложба за издвојување од останатите и создавање на препознатливо име во општеството.

  3.  Како го спремаш твојот месечен content ?
    Јас секојдневно творам, но содржината на мојот профил зависи од многу фактори, меѓу кои: број на прифатени соработки, актуелни теми, случувања, па дури и бои, се што води до еден совршен feed.


4.Каков вид на фотосесија одговара повеќе на твојот личен идентитет: тематска или уличен стил?
Најголема желба ми се уличните слики со модна тематика, што всушност ми беше главната замисла кога почнав да се занимавам со блогерство. Но за жал, просторното опкружување во кое се наоѓам не секогаш ми овозможува остварување на овој сон, па затоа некогаш сликам и тематски слики кои воедно се многу добро прифатени од моите следбеници. 

5. Како ти изгледа концептот на influencer.mk ?
Морам да признаам дека идејата на сајтот е оригинална и многу ми се допаѓа фактот дека на македонскиот пазар е присутна и една таква платформа која на некој начин “ги поддржува” домашните инфлуенсери, барем јас така ја разбирам. Јас би се фокусирала на објавување на модните, make-up и lifestyle новости на дневно ниво, неделно, или месечно ниво, во зависност од темата, инспирирани од секојдневните фотографии што ги поставуваат македонските блогери, во смисла: “Стил на денот со Никица Ацева”; Или “Што да појадуваме денес предлага блогерката..” и така натаму.

6. Дали има уметност во инфлуенсерството, дали инфлуенсерите се сметаат себе за уметници?
Секако дека има. Комбинирањето на бои и принтови, смислувањето на концепт за една фотографија, па дури и создавањето на самата фотографија, се е уметност! 

7. Кое е и какво, твоето влијание врз твоите followers?
Какво влијание имам, неблагодарно е јас да одгворам. Во една прилика имам изјавено дека социјалните мрежи се супер платформа, но се додека се користат паметно. Врзано за ова, секогаш гледам да бидам корисна за моите следбеници, во буквална смисла на зборот. На мојот профил покрај модата се дискутираат најразлични теми. Секогаш сум искрена и споделувам мои искуства, било да се позитивни или негативни. Неодамна најбарано нешто на мојот профил беа секојдневните смудиња што ги пиев наутро и ги споделував на мојот профил заедно со рецептот, бидејќи имав навистина голем ефект на моето тело. Од тогаш неколкумина ми имаат напишано дека ги конзумираат и дека имаат резултати слични на моите. Секако неминовни се и постојаните прашања од каде ми е одредено парче облека, препораки за локации низ градот и по некоја travel авантура. 

8. Кои фотографии според тебе носат поголем feedback: телефон или апарат?
 Уфф тешко прашање! Секако дека фотографиите од апарат се подобри, но сепак има многу фактори кои влијаат на крајниот резултат. На крајот од денот не секогаш сме во можност да обезбедиме професионална опрема или да ја земеме истата со нас на патување и најчесто користиме телефон како алатка постојано присутна, која е главен и одговорен уредник на нашите спомени. Па не залудно многумина рекле најдобрата камера е таа која е секогаш со нас! 

9. Дали според тебе инфлуенсерите се клучна алка во Digital Marketing?
Да, една поинаква и по мое мислење поуверлива форма на дигитален маркетинг. Јас инфлуенсерот го гледам како извор на идеи за креативно презентирање на одреден (однапред тестиран) производ, за кој конзумерот ќе добие една реална препорака и совет за негова примена. Кога јас би била на другата страна(страната на публиката) би сакала наместо доброосмислена класична реклама на телевизија, токму таква препорака од лично искуство. Истото важи и за парче облека, можеби во продавница некој ќе го одмине, ќе му биде чудно, нема да знае како би му стоело или со што би го комбинирал, но кога ќе го види во комбинација кај некој блогер, добива идеја како би можел да го износи и потоа ќе го купи. 

 10.Кои светски трендови на инфлуенсери би ги донела или спровела во Македонија?
Па скоро сите трендови порано или подоцна стигнуваат и кај нас, само ретко кој се одлучува да ги следи. Ние “најхрабрите” секогаш сме окарактеризирани како црни овци, но мене не ми пречи се додека тој тренд навистина ми лежи, ме прави да се чувствувам самоуверено и одговара на мојот стил. Според мене единствен тренд кој треба да го заследиме е да избегаме од комфорт зоната, да експериментираме повеќе како во модата, така и во животот, да ризикуваме, да се бориме за нашите соништа и само така ќе успееме да ги срушиме бариерите на конзервативност кои се за жал, се уште се случај во Македонија и едноставно да бидеме среќни.

Фото: PS visual art

претходниот член,Интервју со Marta Devilish
Следната статијаИнтервју со Стефани Христов

ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

Модно патување со „VOYAGE“ на Стефанија Насеска

Откако премиерно ја прикажа во рамки на дваесет и второто издание на Моден Викенд Скопје, познатата македонска дизајнерка ја пресели новата колекција...

FALL ESSENTIALS / MY MUST HAVES!

Девојката со огнена коса ни ги претставува есенските трендови и MUST HAVE модни парчиња според неа. Мора да напоменеме дека нејзиниот стил...

Стил на денот 17.10

Денес ви ја претставуваме инфлуенсерката Нина. Нејзините колоритни аутфити, со интересни принтови и јаки бои не освоија. На оваа фотограгија таа дури...

СЛЕДЕТЕ НЕ

5,783FansLike
1,260FollowersFollow
Love Cats

НАЈПОПУЛАРНИ ПОСТОВИ

Заштитна маска од природно цвеќе

Маските освен својата примарна цел да не заштитат од вирусот, полека станаа must have парче во светот на модата. Познатите светски и...

Интервју со Marta Devilish

Како се подготвуваш за Fashion Weekend ?1. Во се сакам спонтаност. На предходниот fashion weekend бев ‘тазе’ тетовирана, истиот тој ден,...

Најдобри пропсови за фотографирање чевли

Има мал милион начини како да се пофалите со фотографија од нови чевли на социјалните медиуми, но доколку сакате тоа да изгледа...

Интервју со инфлуенсерката Дилек Асаноска

Како се подготвуваш за Fashion Weekend ?Во поглед на модни комбинации најчесто носам мои дизајни кои сум ги изработила специјално за...

Интервју со млади бизнисмени – Филип Ангеловски DELTA MKS

Кои се твоите дневни рутини?Обично денот ми започнува со утринско кафе. Првото го пијам со колегите на работа додека спремаме план...