Интервју со Стефани Христов

Одлучивме да направиме интервју и со член на нашиот тим, кој повеќе од една деценија е дел од модниот свет како позади камерите, така и пред нив.

  1. Како се подготвуваш за Fashion Weekend ?

    Моден Викенд Скопје е еден од највозбудливите настани за мене уште од првото издание па до денес. Овој настан за мене претставува микс на работа и задоволство, бидејќи секогаш се трудам да изгледам доследно како посетител, но најчесто одам работно и како фотограф.
    Пипремите опфаќаат претходно планирање на аутфити кои ќе ги носам за секој ден поединечно, како и можност да соработувам и се дружам со прекрасни личности од светот на модата вклучувајќи: дизајнери, инфлуенсери, мејкап артисти, модели итн.
    Секогаш кога го планирам изгледот се трудам да носам барем едно дизајнерско парче од нашите домашни дизајнери, а често ги комбинирам и со винтиџ парчиња од “плакарот на баба”. Кога сум во можност за шминката исто така правам разни соработки со професионалци, бидејќи сметам дека лично шминката не ми е баш јака страна.
  2. Што значи да си инфлуенсер во Македонија ?

    Мислам дека во изминативе две години значењето на зборот инфлуенсер значително се промени и дека перцепцијата на луѓето за инфлуенсерите за жал во Македонија е генерално доста погрешна, секоја чест на исклучоци кои навистина се издвојуваат со квалитет и затоа доминираат во она што го презентираат на социјалните медиуми.

  3. Како го спремаш твојот месечен content ?

    Морам да признаам дека повеќе имам неделен план, отколку месечен, пред се зошто работата тоа го бара од мене. Најчесто излегува приоритет да имаат соработките во кои мојата улога е да сум позади објективот, наместо пред него, а кога сум во улога на модел гледам да одам на контент кој опфаќа тимска работа и да промовирам нешто што навистина го носам или продукт кој навистина го употребувам.

  4. Каков вид на фотосесија одговара повеќе на твојот личен идентитет: тематска или уличен стил?

    Мислам дека сум микс од двете, но она што најчесто го фотографирам е уличен стил или пак портерети со шминка.

  5. Како ти изгледа концептот на influencer.mk ?

    Како дел од тимот сум навистина задоволна од стартот и насоката во која се движи сајтот, целосно се пронајдов во оваа приказна и верувам дека има огромен потенцијал да прерасне во нешто што ќе остави голем печат на нашата сцена.

  6. Дали има уметност во инфлуенсерството, дали инфлуенсерите се сметаат себе за уметници?

    Апсолутно мислам дека има уметност во инфлуенсерството, бидејќи е можност да се покаже креативната страна и јас лично се сметам себе за уметник. Според мене нема ништо поубаво од тоа да создаваш нешто кое те исполнува и преку тоа да пренесеш порака на луѓето кои те следат.
  7. Кое е и какво, твоето влијание врз твоите followers?

    Моето влијание морам да признаам дека е различно на разни социјални медиуми, пример на Тик Ток ја покажувам својата хумористична страна, додека пак Инстаграм повеќе го употребувам како портфолио за фотографија, можност за самопромоција и промоција на моите соработници, како и место на кое може да ги споделам моите искуства и ставови.
  8. Кои фотографии според тебе носат поголем feedback: телефон или апарат?

    Како професионален фотограф нормално е да кажам апарат, прифаќам дека не секогаш сме во можност и позиција да фотографираме со апарат и професионален фотограф, но кога ја имаме таа опција според мене е секогаш подобра.

  9. Дали според тебе инфлуенсерите се клучнта алка во Digital Marketing?

    Да дефинитивно сметам дека инфлуенсерите се клучна алатка во дигиталниот маркетинг. Најчесто инфлуенсерите се бренд амбасадори од кои дознаваме за воопшто постоењето на брендот или пак едноставно кога тие ќе направат соодветна презентација, нивното влијание навистина може да придонесе во растењето на самиот бренд. Сметам дека подеднакво битно е да се избере соодветен инфлуенсер за соработка, со што би се постигнал максималниот ефект и взаемен бенифит.

  10. Кои светски трендови на инфлуенсери би ги донела или спровела во Македонија?

    Како ниска девојка, сметам дека треба да се обрне внимание на петит инфлуенсерите, бидејќи ова е една гранка на која воопшто не е обрнато внимание и планирам мојот иден контент да го насочам баш кон таа проблематика. Во нашата држава не постојат посебни брендови за ниски девојки, како опција ни се детските одели од одредени бутици, а и голем број од дизајнерите претежно дизајнираат за модели кои се високи или најмалиот број во кој се достапни нивните дизајни е мedium, поретко small, а скоро никогаш xs и затоа е проблем да си најдам соодветна гардероба, се ми е големо и долго. Како последица на тоа е потешко да остварам соработки без да бидат приморани да креираат модели по моите пропорции.

Фото: Serafim photography

претходниот член,Интервју со Никица Ацева
Следната статијаСтил на денот 04.10

ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

Модно патување со „VOYAGE“ на Стефанија Насеска

Откако премиерно ја прикажа во рамки на дваесет и второто издание на Моден Викенд Скопје, познатата македонска дизајнерка ја пресели новата колекција...

FALL ESSENTIALS / MY MUST HAVES!

Девојката со огнена коса ни ги претставува есенските трендови и MUST HAVE модни парчиња според неа. Мора да напоменеме дека нејзиниот стил...

Стил на денот 17.10

Денес ви ја претставуваме инфлуенсерката Нина. Нејзините колоритни аутфити, со интересни принтови и јаки бои не освоија. На оваа фотограгија таа дури...

СЛЕДЕТЕ НЕ

5,783FansLike
1,260FollowersFollow
Love Cats

НАЈПОПУЛАРНИ ПОСТОВИ

Интервју со Marta Devilish

Како се подготвуваш за Fashion Weekend ?1. Во се сакам спонтаност. На предходниот fashion weekend бев ‘тазе’ тетовирана, истиот тој ден,...

Заштитна маска од природно цвеќе

Маските освен својата примарна цел да не заштитат од вирусот, полека станаа must have парче во светот на модата. Познатите светски и...

Најдобри пропсови за фотографирање чевли

Има мал милион начини како да се пофалите со фотографија од нови чевли на социјалните медиуми, но доколку сакате тоа да изгледа...

Интервју со млади бизнисмени – Филип Ангеловски DELTA MKS

Кои се твоите дневни рутини?Обично денот ми започнува со утринско кафе. Првото го пијам со колегите на работа додека спремаме план...

Интервју со инфлуенсерката Дилек Асаноска

Како се подготвуваш за Fashion Weekend ?Во поглед на модни комбинации најчесто носам мои дизајни кои сум ги изработила специјално за...