Интервју со Верица Стојанова

  1. Како се подготвуваш за Fashion Weekend ?

Мислев дека ќе ми треба повеќе време за да смислам аутфит, со оглед на тоа дека ова беше моето „огнено крштевање“ на модениот викенд. За мое изненадување, брзо го смислив и бев задоволна од резултатот. Од друга страна моите пријатели од козметичкото студио „the beauty room“ беа тука да ми помогнат за се останато. Се подготвив и со запознавање на работата на дизајнерите, разгледав што создале предходно, што нудат и каков концепт преферираат за да знам што да очекувам.

2. Што значи да си инфлуенсер во Македонија ?

Тешко прашање. Многу често се споредуваат со негативни ептитети, лоши компарации, но и позитивни реакции. Но, да не должам, личност која има влијание на одредена група на луѓе на одредена тема. Погрешно е сфатено дека инфлуенсерот е оној кој само ќе те натера да купиш нешто зошто на крајот на таквата зделка и тој ќе заработи нешто. Голем број инфлуенсери го прават тоа како хоби, а не првенствена работа и тоа треба да стави до знаење дека тие тоа што го прават, го прават од љубов.

3.  Како го подготвуваш твојот месечен content ?

Претендирам да направам определен број на фотографии и да ги постирам по определен редослед. Се разбира дека омилен дел од content-от ми се сликите но, што има празно место да се каже нешто тука сум. Веднаш. Хаштазите и текстовите ги бирам и пушувам најчесто еден ден пред објавување на сликата. Понекогаш, доколку сум „допрена“ од некоја тема знам да запишам белешка во телефонот и истата да ја искористам со сликата. Од друга страна, кога станува збор за content кој е соработка со некој бренд, брендот е оној кој е во преден план, не само на фотографијата туку и во објаснувањето. Кога се случува соработка со некој бренд, го менувам планирањето на feed-oт и ги вметнувам оние за брендот помеѓу веќе направените.

4.  Каков вид на фотосесија одговара повеќе на твојот личен идентитет?

Јас сум гооооолем љубител на улична мода. Претпоставувам дека таквите фотосесии се она кое сакам да го прикажувам. Морам да напоменам дека на скоро секоја моја слика има нешто црвено, па може тоа да се подведе кон тематска фотографија. Секако, уживам во портрет фотографии затоа што пак за разлика од се друго тие ми имаат душа, чувства, откривање на себеси пред фотографот а подоцна и пред публиката. И секако, фотографите со кои соработуваам претпочитаат портрет фотографија кога работат со мене.



5.  Како ти изгледа концептот на influencer.mk ?

Одличен концепт и начин да се прикаже што има и на нашата и на светската сцена на тема мода. Од друга страна, фактот дека зборувате за филмови – ме имате!
– Што би додала на influencer.mk ?
Би додала информации за нега на кожа, интервјуа со фотографи и секако повеќе содржини за филмови.

6.  Дали има уметност во инфлуенсерството, или дали инфлуенсерите се сметаат себе за уметници?

Не би би била стручна да судам дали секој вид на креативност се смета за уметност. Можеби има доза на уметност во некој сегмент од тоа што го правиме, некои повеќе, некои помалку.

7. Кое е и какво, твоето влијание врз твоите followers?

Уф, секогаш гледам да презентирам квалитет наспроти квантитет. Иако не сум минималист по дефиниција мислам дека е подобро да имаат помалку парчиња облека кои ќе бидат квалитетни, внимателно одбрани според стилот кои го претпочитаат, ќе бидат впечатливи, но носливи за различен вид пригоди, тренди но и безвременски. Од друга страна, мојата заедница сака да слушне од мене предлози за филмови и серии и тоа покрај „ајде, кога ќе има нов аутфит“ постојано добивам прашања предложи ни нешто за гледање.

8.  Кои фотографии според тебе носат поголем feedback : телефон или апарат?

Квалитетот на фотографијата и те како е важен за feedback-oт кој ќе се добие. Иако морам да напоменам дека не секоја фотографија направена со фотоапарат може да добие внимание. Сепак, битно е и што има на фотографијата. Поголемиот број на фотографии на мојот профил се направени со телефон така што лично, кај мене и двата вида привлекуваат внимание.


9. Дали според тебе инфлуенсерите се клучна алка во Digital Marketing?


Да, под услов да бидат правилно искористени. Доколку брендот направи соработка со инфлуенсер кој воопшто не е поврзан со неговата работа и таргет групата кон која целат, проектот може да биде фијаско.


10. Кои светски трендови на инфлуенсери би ги донела или спровела во Македонија?

Порано или подоцна секој тренд доаѓа во Македонија. Не сме имуни на апсолутно ништо. Би сакала да се спроведе тренд на работење на себеси во секоја смисла. Би сакала тренд каде што секој ќе може да се прикаже себеси на начин на кој смета дека е најсоодветен и за тоа нема да биде навредуван, повредуван, измеван, туку ќе добие поддршка за тоа што го прави или конструктивна критика од оние кои се компетентни да критикуваат.

Фото: PS visual art

претходниот член,Стил на денот 09.10
Следната статијаСтил на денот 15.10

ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

Модно патување со „VOYAGE“ на Стефанија Насеска

Откако премиерно ја прикажа во рамки на дваесет и второто издание на Моден Викенд Скопје, познатата македонска дизајнерка ја пресели новата колекција...

FALL ESSENTIALS / MY MUST HAVES!

Девојката со огнена коса ни ги претставува есенските трендови и MUST HAVE модни парчиња според неа. Мора да напоменеме дека нејзиниот стил...

Стил на денот 17.10

Денес ви ја претставуваме инфлуенсерката Нина. Нејзините колоритни аутфити, со интересни принтови и јаки бои не освоија. На оваа фотограгија таа дури...

СЛЕДЕТЕ НЕ

5,783FansLike
1,260FollowersFollow
Love Cats

НАЈПОПУЛАРНИ ПОСТОВИ

Заштитна маска од природно цвеќе

Маските освен својата примарна цел да не заштитат од вирусот, полека станаа must have парче во светот на модата. Познатите светски и...

Интервју со Marta Devilish

Како се подготвуваш за Fashion Weekend ?1. Во се сакам спонтаност. На предходниот fashion weekend бев ‘тазе’ тетовирана, истиот тој ден,...

Најдобри пропсови за фотографирање чевли

Има мал милион начини како да се пофалите со фотографија од нови чевли на социјалните медиуми, но доколку сакате тоа да изгледа...

Интервју со инфлуенсерката Дилек Асаноска

Како се подготвуваш за Fashion Weekend ?Во поглед на модни комбинации најчесто носам мои дизајни кои сум ги изработила специјално за...

Интервју со млади бизнисмени – Филип Ангеловски DELTA MKS

Кои се твоите дневни рутини?Обично денот ми започнува со утринско кафе. Првото го пијам со колегите на работа додека спремаме план...