Отворено дваесет и второто издание на Моден Викенд Скопје

Вечерва со почеток во 19 часот официјално стартуваше дваесет и второто издание на Моден Викенд Скопје.

FWSK и ONLYAFEW со почеток од 19 часот во Јавна Соба го означија стартот на најкултното модно случување во градот. Моден Викенд Скопје оваа сезона е конципиран како тридневен „поп-ап“ настан со продажен шоурум, арт инсталации, студентски изложби, едукативни предавања и богата музичка програма.
На отварањето беа запазени протоколите за безбедност со ограничен број на посетители, а на самиот влез посетителите добиваа брендирани маски.
Учесниците на ‘CONSCIOUS FASHION POP UP SHOWROOM’ го сочинуваат низа еминентни и перспективни дизајнери и брендови од земјата и странство, како: Irina Tosheva, Evgenija Zafirovska, Terziya, Stefanija Naseska, Para Todos, Minnimal MK, Kotev Ksenija, Seddum, Tessuti Art by Ana Jakim, Meleem, Senka, Lipa, Saksija Urban Pots, Siidess Furniturе, како и изложба од комбинирани техники на студентите на академијата „Џолев и уметностите”. На настанот беа поставени неколку интересни инсталации кои беа совршени места за правење одлични фотографии.
Посетителите имаа можност да си купат експонати со големи попусти на принципот ‘See now – Buy now’.
Со музички перформанс на маестралниот Gloomié се означи стартот на најкултното модно случување во градот.

Влезот е слободен од 10 до 22 часот во Петок (02.10) и Сабота (03.10).
И дефинитивно е пригода што не се пропушта.


Фото: Serafim photography

ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

Модно патување со „VOYAGE“ на Стефанија Насеска

Откако премиерно ја прикажа во рамки на дваесет и второто издание на Моден Викенд Скопје, познатата македонска дизајнерка ја пресели новата колекција...

FALL ESSENTIALS / MY MUST HAVES!

Девојката со огнена коса ни ги претставува есенските трендови и MUST HAVE модни парчиња според неа. Мора да напоменеме дека нејзиниот стил...

Стил на денот 17.10

Денес ви ја претставуваме инфлуенсерката Нина. Нејзините колоритни аутфити, со интересни принтови и јаки бои не освоија. На оваа фотограгија таа дури...

СЛЕДЕТЕ НЕ

5,783FansLike
1,260FollowersFollow
Love Cats

НАЈПОПУЛАРНИ ПОСТОВИ

Заштитна маска од природно цвеќе

Маските освен својата примарна цел да не заштитат од вирусот, полека станаа must have парче во светот на модата. Познатите светски и...

Интервју со Marta Devilish

Како се подготвуваш за Fashion Weekend ?1. Во се сакам спонтаност. На предходниот fashion weekend бев ‘тазе’ тетовирана, истиот тој ден,...

Најдобри пропсови за фотографирање чевли

Има мал милион начини како да се пофалите со фотографија од нови чевли на социјалните медиуми, но доколку сакате тоа да изгледа...

Интервју со инфлуенсерката Дилек Асаноска

Како се подготвуваш за Fashion Weekend ?Во поглед на модни комбинации најчесто носам мои дизајни кои сум ги изработила специјално за...

Интервју со млади бизнисмени – Филип Ангеловски DELTA MKS

Кои се твоите дневни рутини?Обично денот ми започнува со утринско кафе. Првото го пијам со колегите на работа додека спремаме план...