Интервју со млади бизнисмени – Филип Ангеловски DELTA MKS

  • Кои се твоите дневни рутини?
  • Обично денот ми започнува со утринско кафе. Првото го пијам со колегите на работа додека спремаме план за дневните активности. Работните активности вообичаено ми се преговарање со нови или постоечки клиенти, како и контакти со странски фирми со кои соработуваме трудејќи се противпожарната заштита да ја донесеме на едно сосема ново ниво, со посовремени автоматизирани системи кои сеуште ги нема на нашиот пазар.

После работа сакам да отидам дома да одморам доколку обврските ми го дозволуваат тоа, најчесто и тој еден саат одмор ми го зема Купер (бостон териер) кој е сеуште млад и знае да биде досаден 😊. Една од најважните дневни рутини ми е одење во фитнес центар кое го правам секојдневно и по секоја цена. Денот ми завршува со добро друштво во некој од аеродромските кафичи. Обично си легнувам рано за да бидам спремен за активностите од другиот ден.

  • Како ти влијае работата врз приватниот живот?
  • Во принцип не е некоја стресна работа, но од време на време знае да излезе некоја попладневна обврска или семинар. Секое слободно време се трудам да го искористам квалитетно за себе. Се трудам колку можам да ги одвојам приватниот и професионалниот живот.
  • Кажи ни нешто повеќе за Делта МКС
  • Компанијата постои од 1998г. како Пастор Плам, но во 2018г. откако го превземам кормилото се ребрендиравме во Делта МКС. Континуирано работиме кон подобрување на услугите и квалитетот и благодарение на тоа бројот на постојани клиенти постојано расте. Во сервисниот дел имаме една од најсовремените, ако не и најсовремена механизација за целосно испитување и сервисирање на ПП апарати, хидранти, системи за дојава на пожар како и системи за автоматско гасење на пожар. Од нашата посветеност произлегува и нашиот слоган и со гордост можеме да кажеме “Бидете безбедни”.
  • Како влијае корона кризата врз вашиот бизнис?
  • Како и многу компании низ целиот свет секако дека и ние ја осетивме,но реално и немаше некои посериозни последици. Во принцип нашата дејност пред се е потребна заради безбедноста од пожари, а воедно и законски е регулирано да секоја компанија мора да поседува соодветна противпожарна заштита. Исто така и опасноста од корона вирусот не смее да ги засенува другите опасности кои едноставно постојат, а една од посериозните е опасноста од пожар.
  • Дали бизнисот е привлечен и дали младите можат да се пронајдат во него?
  • Не знам според кое мерило би го проценил дали е привлечен бизнисот или не. Секако дека си има свои предизвици и огромна конкуренција. Пазарот во Македонија е во принцип тежок за секоја бранша, па така и за нас. Лошо влијание имаат и кинеските уреди кои ги носат на пазарот со несоодветен квалитет и екстремно ниски цени. Сепак мислам дека секој млад човек кој сака да работи во противпожарната индустрија ќе успее да се пронајде во оваа работа.
  • Од каде идеата да работиш со ПП заштита?
  • Може да се каже дека и немав некој избор, во принцип, ова е една семејна традиција која трае повеќе од три децении и три генерации. Од многу мал бев опкружен со многу ПП апарати 😊 и ми станаа некако драги. Па решив да се посветам кон изучување на оваа проблематика. Со годините стекнав искуство и соодветно образование кои ми помагаат подобро да се пласирам на пазарот, исто така и поддршката од моите има значајна улога во тоа што сум јас денес.
  • Дали е бизнис од кој добро се заработува?
  • Бизнисот кога би бил во нормален пазар и здрава бизнис клима би бил далеку поисплатлив од тоа што е денес. Самата работа си носи свои ризици, ние сите заедно сме во објект во кој се работи со боци со висок притисок и секако на крајот од денот тоа треба да се наплати. Работиме исклучиво со квалитет и сериозни долгогодишни клиенти кои го препознаваат квалитетот во нас. Во секој случај не можам да се пожалам, но секогаш може подобро.
  • Дали има разлика помеѓу едни и други ПП апарати и кажи ни повеќе околу тоа како функционираат?
  • Секако дека има разлика. Има разлика по квалитет и разлика во принцип на функционирање. Пример кај постарите модели, односно, ПП апаратите кои полека се исфрлаат од употреба заради застарениот принцип на работа, функционираат со внатрешна боца со погонски гас која при активирање на ПП апаратот исфрла гас јаглерод диоксид и помага во исфрлање на прашакот за гасење кој е складиран во телото на апаратот. При активирање мора прво да се дупне боцата со удар на рачката од апаратот и да се почека 5-10 секунди за да се створи притисок кој подоцна ќе го исфрли прашакот. Додека новите апарати се под постојан притисок во нив и активацијата е инстантна со притискање на рачката. Новата законска регулатива во Македонија не дозволува сервисирање на боците (шишенцата) со погонски гас постари од 20 години, а неисплатливо е да се заменат со нови бидејќи коштаат како нов ПП апарат.
  • Дали свеста на луѓето е на соодветно ниво кога во прашање е противпожарната заштита?
  • Мислам дека сме далеку од посакуваното ниво на свест. Во принцип да не се законските регулативи, не сум сигурен ни дали сите компании би имале соодветна противпожарна заштита. Самото поседување на ПП апарат не е луксуз и мислам дека барем 90% од луѓето во државата би можеле да си го дозволат, а истиот тој ПП апарат не само што ќе го заштити нивниот живот, туку ќе го заштити и нивниот имот чије сервисирање при пожар би коштало сигурно илјада пати повеќе од вредноста на еден ПП апарат. Ние пробуваме да ја подигнеме свеста на граѓаните преку рекламна кампања која ја водиме баш со насловот Подигаме свест и мислам дека полека се буди интересот кај луѓето да се заштитат себеси, сепак зборуваме за инстинкт, само треба да го поттикнеме.
  1.  Што мислиш за influencer.mk?
  2. Се почесто ги гледам по социјалните мрежи, и секогаш имаат интересни статии за читање. Релативно се нови, но убеден сум дека ќе успеат да се пробијат на пазарот иако има многу портали. Секако се на добар пат.   

ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

Модно патување со „VOYAGE“ на Стефанија Насеска

Откако премиерно ја прикажа во рамки на дваесет и второто издание на Моден Викенд Скопје, познатата македонска дизајнерка ја пресели новата колекција...

FALL ESSENTIALS / MY MUST HAVES!

Девојката со огнена коса ни ги претставува есенските трендови и MUST HAVE модни парчиња според неа. Мора да напоменеме дека нејзиниот стил...

Стил на денот 17.10

Денес ви ја претставуваме инфлуенсерката Нина. Нејзините колоритни аутфити, со интересни принтови и јаки бои не освоија. На оваа фотограгија таа дури...

СЛЕДЕТЕ НЕ

5,783FansLike
1,260FollowersFollow
Love Cats

НАЈПОПУЛАРНИ ПОСТОВИ

Заштитна маска од природно цвеќе

Маските освен својата примарна цел да не заштитат од вирусот, полека станаа must have парче во светот на модата. Познатите светски и...

Интервју со Marta Devilish

Како се подготвуваш за Fashion Weekend ?1. Во се сакам спонтаност. На предходниот fashion weekend бев ‘тазе’ тетовирана, истиот тој ден,...

Најдобри пропсови за фотографирање чевли

Има мал милион начини како да се пофалите со фотографија од нови чевли на социјалните медиуми, но доколку сакате тоа да изгледа...

Интервју со инфлуенсерката Дилек Асаноска

Како се подготвуваш за Fashion Weekend ?Во поглед на модни комбинации најчесто носам мои дизајни кои сум ги изработила специјално за...

Интервју со млади бизнисмени – Филип Ангеловски DELTA MKS

Кои се твоите дневни рутини?Обично денот ми започнува со утринско кафе. Првото го пијам со колегите на работа додека спремаме план...